среда, 30 октомври 2024

МЕД: Нова рисица лоцирана во близина на Стража (ФОТО)

Во еден од замка-кафезите на Македонското еколошко друштво (МЕД) беше фатена нова рисица, која веќе го доби името Луна. Таа била лоцирана на планината Буковиќ, во близина на Стража.

Објавено на

часот

Сподели

Луна е тешка 16 килограми и е во одлична здравствена состојба. Откако биле направени потребните прегледи, ѝ бил поставен околувратник преку кој Македонското еколошко друштво ќе го следи нејзиното движење. Рисицата Луна сега е пуштена на слобода.

Балканскиот рис е една од најретките големи мачки на планетата, со популација од помалку од 50 единки, од кои најголемиот дел, околу 40 живеат во Македонија, а останатите се сретнуваат во Албанија и Косово. Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN), балканскиот рис го рангира како критично загрозен, а најголемиот дел од опасностите за неговиот опстанок се дело на човекот.

Македонското еколошко друштво, со партнерски организации од регионот и Европа веќе 17 години работи на Програмата за закрепнување на балканскиот рис, во рамките на која се следи движењето и состојбата на популацијата на големата мачка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ