сабота, 27 јули 2024
Парламентарни избори 2024

Мециновиќ: Подаваме рака до ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

,На Мицкоски му честитаа Таравари и Касами за резултатите од првиот круг и му порачаа дека заедно ќе ги донесат уставните измени. Еве ние честитаме и повикуваме да НЕ ги донесеме уставните измени – затоа што тоа е волјата на народот. Подаваме рака до ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени“, изјави Амaр Мециновиќ од Левица, носител на листата на партијата во Изборната единица број 2. Тој

Објавено на

часот

Сподели

„Граѓаните знаат дека во Собранието Левица беше еден неверојатен непријател на водењето на политиките на СДС и ДУИ, како во примерите против спикерот Џафери, така и против сите процеси. Ние дадовме поддршка за формирање на ново мнозинство кога требаше да се турне Заев и да се изгуби неговиот легитимитет и во тоа успеавме”, рече Мециновиќ.

А сега да се фокусираме на проблемите на граѓаните за кои нашата програма има најдобри решенија”, порача Мециновиќ.

Тој додаде дека за првпат Левица излезе на претседателски избори со независен кандидат, но дека сега, како што нагласи, поентата е во парламентарните избори.

„Левица продолжува да се фокусира на проблемите на граѓаните. Програмата на Левица ги таргетира проблемите на граѓаните и нуди конкретни решенија на најгорливите проблеми на ранливите целни групи, на работничката класа и на сите граѓани во Македонија“, рече Мециновиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ