сабота, 27 јули 2024

Мечот меѓу Чаир и МЗТ Скопје ќе се доигра без публика, двете екипи добија казни

Натпреварот меѓу Чаир 2030 и МЗТ Скопје кој синоќа беше прекинат на полувремето, ќе се доигра во рок од 48 часа без присуство на публика.

Објавено на

часот

Сподели

Комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ денеска ги соопшти изречените казни за вчерашниот инцидент во Чаир кога на полувремето беа нападнати кошаркарите и тренерите на МЗТ Скопје.

Одлучено е натпреварот да се доигра во празна сала. Дуелот беше прекинат на полувремето при водство на МЗТ Скопје од 44-42.

Чаир доби забрана за поставување на ВИП столчиња до крајот на сезоната. Одлуката е донесена поради тоа што неслужбените лица кои влегле во подтрибинскиот биле токму од ВИ делот.

За слабата организација и дозволувањето на движење на неслужбени лица, Чаир е казнет со 40.000 денари. Казна доби и техничкиот раководител на екипата на Чаир, Алајдин Мустафа во висина од 20.000 денари и суспензија до крајот на сезоната.

Казна ќе плати и МЗТ Скопје, таа е во висина од 30.000 денари. Казната е затоа што МЗТ Скопје предизвикал прекин подолг од 15 минути.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ