Превртени контејнери, ѓубре насекаде, смрдеа, мечки и мечиња шетаат по улиците на селото… ова е сликата на селото Галичник веќе неколку лета по ред. Забраната за лов на дивеч го зголеми бројот на дивите животни, а тоа во Галичник веќе претставува сериозен проблем, се вели во писмата кои месната заедница секоја година ги испраќа до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и до Државниот инспекторат за ловство.
„Апелираме надлежните да дејствуваат и да дадат насоки на локалното население. Одомаќинети диви животни во населени места претставуваат голема опасност за населението“, се вели во писмото на МЗ Галичник.
Одговор од надлежните засега нема.