сабота, 27 јули 2024

Мечка упадна на погреб во Романија и предизвика паника

На погреб во романскиот град Бордосиу во округот Муреш, мечка упадна и предизвика паника меѓу седумдесетина луѓе кои дошле да го испратат починатиот. Според романскиот ТВ канал Антена 3, мечката излегла од шумата и застанала на патот на погребната поворка која се упатила кон гробиштата.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Исплашена од крикот на мештаните, мечката се вратила во шумата, а мештаните велат дека често се појавува на места во близина на гробиштата.

„Да бевме помалку, мечката сигурно ќе нè нападнеше, вака се исплаши“, изјави еден од присутните.

„Се затрча по ридот, се сврте и нѐ погледна набрзина неколку пати. Вториот пат се упати кон нас и се приближи уште повеќе, но повторно се повлече. Луѓето ги фати паника и почнаа да врескаат што мечката многу ја вознемири“, додаде тој.

По инцидентот во кој нема повредени, погребот продолжил.

Иако опасноста поминала, мештаните сè уште се плашат од средбата со мечката. Велат дека со оглед на тоа што гробиштата се опкружени со шума, избегнуваат да ги посетуваат гробовите на своите најблиски од страв дека мечката во секој момент може повторно да се појави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ