Тоа што делегатите на Конгресот оваа одлука ја донеле едногласно, пишува во соопштението, дава поттик да биде искористена како дополнителен мотив од партијата и сите Македонци во Албанија.
„Полноправното членство на Македонска алијанса за европска интеграција во Европската слободна алијанса (ЕФА) е најдобра потврда дека борбата за остварувањето на основните права на Македонците во Република Албанија е чесна, праведна и остварлива. Тоа е силна порака и до политичките елити во Албанија“, се наведува во соопштението.
Се посочува дека Македонско друштво Илинден од Тирана ќе продолжи и понатаму да дава целосна подршка на Македонска алијанса за европска интеграција МАЕИ и “заедно ја биеме битката за заштита на Македонците во Албанија”.
Генералното собрание на ЕФА, во Брисел, на 7 март, едногласно одлучи МАЕИ да стане полноправна членка, што партијата го оцени како историски ден за македонското политичко движење и Македонците во Албанија.