„Во мое лично име, во име на Македонското друштво „Илинден“-Тирана и македонското национално малцинство во Република Албанија, изразувам најдлабоко сочувство за упокојувањето во Бога на архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија, Анастас Јанулатос“, се вели во телеграмата со сочувство, потпишана од Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.
Се додава дека неговото упокојување е „голема загуба за автокефалната православна црква на Албанија и за сите нас православните верници во Албанија”.
„Незаборавниот архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија, неговата светост Анастас, со својата божествено вдахновена визија и длабока љубов кон Христа и неговата црква, ја обнови и воздигна, од урнатините што ги остави атеистичкиот режим, ја подигна земјата во величенствена храм на верата, надежта и љубовта. Со неуморна трудољубивост и пожртвувана служба повеќе од три децении“, наведува друштвото.
Се посочува дека е незаборавно неговото наследство што го оставил во полза на автокефалната православна црква на Албанија и се уапатува сочуство “вечен и благословен во Бога нека му е споменот”.
Архиепископ Анастас почина вчера наутро на 95-годишна возраст, во болница во Атина. На 30 декември беше примен во болница во Тирана со сезонски вирус, меѓутоа ситуацијата се влошила, па на 3 јануари во вечерните часови со авион на грчкото воено воздухопловство, итно беше пренесен во болница во Атина.