сабота, 19 октомври 2024
Две елитни агенции за недвижности добиле задача да најдат луксузен дом

Мбапе во потрага по куќа во Мадрид, едно од барањата е изненадувачко

Објавено на

часот

Сподели

Килијан Мбапе одлучил да направи трансфер во Реал, ова го пренесе „Дефенса Сентрал“, напаѓачот веќе започнал потрага по куќа во Мадрид.

Две елитни агенции за недвижности добиле задача да најдат луксузен дом за Килијан Мбапе, кој има долга листа со барања.

Куќата треба да има осум спални соби, да биде опремена со теретана, сауна и спа, да има внатрешен и надворешен базен и огромен гаражен простор, за фудбалерот да може да ги паркира своите автомобили (иако нема возачка дозвола).

Килијан Мбапе бара и мало фудбалско игралиште со природна трева, а на изненадување побарал на имотот да има и терен за баскет.

Зеленило и високи дрва со кои ќе се обезбеди приваност исто така е на списокот со барања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ