недела, 20 октомври 2024
Французинот знае каде ќе ја продолжи кариерата

Мбапе веќе го одбрал следниот клуб

Објавено на

часот

Сподели

Килијан Мбапе и ПСЖ се во војна, напаѓачот сака да ја одработи последната година од договорот и да си „лапне“ богат бонус за лојалност, додека пак ПСЖ инсистира напаѓачот да стави потпис на нов договор или летово да замине од Париз.

Двете страни си разменија писма со остар тон и меѓусебно се обвинуваат за изневерување, предавство и пласирање лаги.

Останува да се види каква ќе биде разврската на ситуацијата, а како што пишува Л’Екип, плановите на Килијан Мбапе се јасни, Французинот сака да се пресели во Реал Мадрид кога ќе го напушти ПСЖ.

Медиумите од Шпанија пак пишуваат дека „кралевите“ и Килијан Мбапе веќе имаат договорено петгодишна соработка со плата од 50 милиони евра по сезона и откупна клаузула од 1 милијарда евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ