сабота, 27 јули 2024

Мбапе побарал од ПСЖ да купи фудбалер на Барселона

Објавено на

часот

Сподели

Килијан Мбапе изминатиов викенд стави крај на шпекулациите за својата иднина и го продолжи договорот со ПСЖ до 2025 година.

Се шпекулира дека зборот на напаѓачот ќе се слуша во иднина и прва жртва ќе биде спортскиот директор Леонардо, а големи се шансите да замине и тренерот Маурисио Покетино.

Според новинарот Хавиер Пара Пења, Килијан Мбапе побарал од ПСЖ и да го ангажира Френки де Јонг од Барселона.

Ле Паризиен додава дека „светците“ внимателно ја следат ситуацијата на Холанѓанецот, кој би можел да биде жртвуван ова лето за да се приберат пари за балансирање на сметките и засилувања.

Манчестер јунајтед исто така е заинтересиран за услугите на Френки де Јонг, фудбалерот од средниот ред е желба на новиот тренер Ерик тен Хаг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ