сабота, 27 јули 2024

Мбапе одлучил и му кажал на Перез, останува во ПСЖ

Објавено на

часот

Сподели

Крај на сагата, Килијан Мбапе останува во ПСЖ, ќе потпише договор до 2025 година, а својата одлука официјално би требало да ја соопшти вечерва по завршување на мечот против Мец.
 
Мбапе лично му се јавил на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез и му кажал дека ќе остане во ПСЖ.
 
Според некои новинари, Мбапе рекол дека ова била најтешката одлука во неговиот живот досега.
 
Реал Мадрид не тргна по Халанд чекајќи го Мбапе, но тој ги одбра парите наместо да го следи својот сон и да го облече дресот на најпрестижниот клуб во историјата.
 
Некои велат дека Реал Мадрид се чувствува изневерено и можеби нема да му дадат нова шанса во иднина да потпише за нив. 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ