понеделник, 21 октомври 2024
Се појасно е дека го чека Реал Мадрид

Мбапе одбил уште еден клуб

Објавено на

часот

Сподели

Килијан Мбапе одлучи да не ја активира клаузулата за продолжување на соработката со ПСЖ до јуни 2025 година, па „светците“ почнаа да слушаат понуди за услугите на Французинот.

Напаѓачот веќе одби рекордна понуда од Саудиска Арабија, а се шпекулира дека кажал НЕ и на Барселона.

Оваа недела се појавија гласини за преселба во Челси, наводно Килијан Мбапе бил подготвен да го облече дресот на „сините“ но под услов тоа да биде позајмица до крајот на сезоната.

Но како што пренесува Л’Екип, Килијан Мбапе ја одбил можноста да заигра во Челси и се појасно е дека го чека Реал Мадрид.

ПСЖ верува дека фудбалерот веќе се има договорено со „кралевите“ и тоа беспари да се пресели следното лето, сценарио кое тие не сакаат да го помислат бидејќи ќе значи голема финасиска штета.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ