Французинот се најде во фокусот на јавноста изминативе денови откако достави писмо до ПСЖ и информираше дека нема да ја искористи опцијата за продолжување на договорот до 2025 година.
Потоа следуваа лавина шпекулации за неговата иднина, наводно ПСЖ нема ништо да ризикува и ќе го продаде летово доколку не падне договор за нова соработка.
Но Килијан Мбапе упорно тврди дека писмото не значи барање за трансфер и желба да ја промени средината.
Тој уште еднаш порача дека планира да го носи дресот на „светците“ во сезоната 2023/24, откри дека за својата иднина ќе одлучи дури во 2024 година, па дури и му даде мала надеж на ПСЖ.
„Немам дилема, ќе играм во ПСЖ следната сезона“ – вели Мбапе.
„Ќе донесам одлука за мојата иднина во 2024. Многу работи можат да се случат за една година, особено во клуб како ПСЖ“.