сабота, 19 октомври 2024

Мбапе конечно почна да дава голови и во Ла Лига, Реал Мадрид го победи Бетис (ВИДЕО)

Во четврото коло од новата сезона, Килијан Мбапе конечно го даде првиот гол за Реал Мадрид во Ла Лига, а по првиот веднаш дојде и вториот, кралскиот клуб го совлада Бетис со 2-0.

Објавено на

часот

Сподели

Отпорот на Бетис траеше до 67. минута кога по маестрална асистенција со пета на Валверде, Килијан Мбапе постигна деби гол во Ла Лига за водство на Реал Мадрид од 1-0.

Осум минути подоцна Мбапе даде уште еден гол, овојпат погоди од пенал за водство од 2-0, што беше и конечен резултат на мечот.

По четири одиграни кола во Ла Лига, Реал Мадрид има четири бода помалку од Барселона која е на врвот на табелата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ