сабота, 25 мај 2024
Напаѓачот наскоро ќе ја соопшти следната дестинација

Мбапе доби совет за следниот клуб: Оди и заработи 350 милиони евра за една сезона!

Легендата на францускиот фудбал, Марсел Десаи го советува Килијан Мбапе да се пресели во Саудиска Арабија каде за една сезона ќе заработи 350 милиони евра.

Објавено на

часот

Сподели

Реал Мадрид подолго време се посочува како следната дестинација на Килијан Мбапе и се верува дека само прашање на време е кога Французинот ќе соопшти дека ќе го облече белиот дрес.

Но според Марсел Десаи, напаѓачот треба да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, каде за кратко време ќе заработи огромно богатство.

„Му препорачувам да одбере друг континент. Не сум сигурен дека Мадрид е перфектното место за него. Винисиус Жуниор е одличен по левата страна, плус имаат неколку талентирани фудбалери, морам да го издвојам Белингам. Па Мбапе нема да биде прва ѕвезда во Реал Мадрид“ – вели легендата на францускиот фудбал.

„Ако ме прашувате мене, Мбапе треба да отиде во Саудиска Арабија, да заработи 350 милиони евра за една сезона, и следната година да се врати во Европа, за мундијалот во 2026“.

„Ќе има 26 ипол години и уште многу сезони пред него за докажување“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ