сабота, 27 јули 2024
Критики на адреса на напаѓачот

„Мбапе бараше да биде лидер на ПСЖ, и кога му дадоа шанса, покажа дека е мало изгубено дете!“

Француската фубалска легенда, Кристоф Дугари сака Килијан Мбапе да го напушти ПСЖ, преку глава му е да слуша гласини за иднината на напаѓачот на секој шест месеци.

Објавено на

часот

Сподели

Килијан Мбапе од 1. јануари има одврзани раце да почне преговори со други клубови. Често се пишува за негова преселба во Реал Мадрид, во последно време се говори и за трансфер во Ливерпул, но и ПСЖ не губи надеж и верува дека може да ја продолжи соработката со напаѓачот.

„Се надевам дека Мбапе ќе замине, од дното на душата. Мислам дека тој стагнира“ – вели легендата на францускиот фудбал, Кристоф Дугари.

„Станува се попредвидлив, му фали карактер, често исчезнува од натпреварите“.

„Бараше да ја има сета моќ, да биде лидер на тимот, и кога му дадоа шанса, покажа дека е мало изгубено дете. Добивам импресија дека ова е преголем залак за него“.

„Ми делува како да нема симбиоза, кога тој сака да напаѓа, тренерот му кажува дека треба да брани. Кога сака да игра по левата страна, го ставаат централно во форот“.

Тој потоа продолжи: „Преку глава ми е да слушам шпекулации за неговата иднина на секои шест месеци. Не знам што е работата, можеби сака да биде во центарот на вниманието. На секој шест месеци слушаме „Мбапе си оди, Мбапе останува…“ Преку глава ми е од сето ова, не сакам повеќе да се замарам со вакви глупости“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ