сабота, 27 јули 2024
Скопската градоначалничка ја разреши директорката на скопска Комунална хигиена

Мазнева-Николиќ за МКД.мк: Во отказното решение нема конкретни причини за едностраното раскинување на договорот

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска ја разрешила од функција директорката на Јавното претпријатие (ЈП) „Комунална хигиена“ Косана Мазнева-Николиќ. Мазнева-Николиќ за МКД.мк вели дека во отказното решение на менаџерскиот договор нема конкретно образложение зошто е разрешена туку само се цитирани општи првани одредби. Во јули годинава на прес конференција, Арсовска изјави дека застанува во целосна одбрана на Мазнева-Николиќ затоа што, како што кажа тогаш скопската градоначалничка, директорката во целост ги детектирала неправилностите во работењето на претпријатието и им доделила отказ на 27 вработени.

Објавено на

часот

Сподели

Мазнева-Николиќ за МКД.мк ја потврди информацијата и вели дека во отказното решение нема конкретно образложение зошто е разрешена.

„Денеска бев повикана во Град Скопје и ми беше врачено решение за еднострано раскинување на менаџерскиот договор пред неговото истекување. Образложение нема освен што се цитирани некои општи правни одредби. Јас извршив примопредавање на функцијата. Не го познавам новиот в.д. директор. Во деновите што претстојат ќе видам дали постои можност за евентуална правна заштита. Јас сум горда што во изминатиот период напорно работев за подобрување на состојбите и условите за работа во претпријатието“, вели Мазнева-Николиќ за МКД.мк.

Од Град Скопје засега нема официјална потврда за смената на директорката на „Комунална хигиена“. 

Разрешувањето на Мазнева-Николиќ следува три месеци по протестот на дел од вработените во јавното претпријатие. Таа беше назнечена за дирекрока на „Комунална хигиена“ во јули 2022 година, откако беше разрешен дотогашниот директор Енуз Кока од Алијанса за Албанците.

Во јули годинава на прес конференција, Арсовска изјави дека застанува во целосна одбрана на Мазнева-Николиќ затоа што, како што кажа тогаш скопската градоначалничка, директорката во целост ги детектирала неправилностите во работењето на претпријатието и им додели отказ на 27 вработени, како што ги нарече Арсовска, мафијашки структури кои сакале да се пресметаат со сега веќе разрешената директорка Мазнева-Николиќ.

За в.д. директор е назначен Гоце Трајковски. 

                                                                                                                                                                        И.О.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ