сабота, 21 декември 2024

Маж во Иран си уби 12 роднини

30-годишен маж уби 12 свои роднини со автоматска пушка калашников во оддалечена рурална област во југоисточниот дел на Иран, што, според медиумите, е најсмртоносното пукање во таа земја во последните неколку децении.

Објавено на

часот

Сподели

Напаѓачот пукал рано утринава во својот татко, брат и други роднини поради семеен спор, изјави шефот на одделот за правда во провинцијата Керман, Ебрахим Хамиди, за иранската полуофицијална новинска агенција ИСНА.

Во извештајот, во кој не е идентификуван напаѓачот, се наведува дека користел „калашников“ при нападот.

Ловечките пушки се легални во Иран, а се вообичаени во руралните области на земјата, пренесува АП.

Во последните неколку години насилството се зголемува во Иран, поради влошената економска состојба.

Пред две години, вработен што беше отпуштен од државен финансиски конгломерат во рурална област во јужен Иран отвори оган на своето поранешно работно место, убивајќи три лица и рани пет други пред да се самоубие.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ