сабота, 27 јули 2024

Маж украл паричник, полицијата го приведе и ги врати парите

Вчера во 11.30 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода струмичанецот Г.П.(41). 

Објавено на

часот

Сподели

Тој се сомничи дека претходно во Струмица, од возило одзел паричник. Кај него биле пронајдени украдените пари кои ќе бидат вратени на сопственикот. Лицето било задржано во полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По целосно документирање на случајот против Г.П. ќе биде поднесена соодветна пријава. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ