Како што објави Билд, тој тешко повредил две лица, кои се на лекување во болница.
Мажот нападна неколку луѓе на улица во западниот округ Шарлотенбург, изјави портпаролката на полицијата, додавајќи дека две жртви се хоспитализирани. Службите за итни случаи биле известени за нападот непосредно пред пладнето на Нова година. Осомничениот е уапсен и приведен.
Весникот Б.З. пишува дека неколку минувачи го запреле мажот откако го почнал нападот. Тој медиум пишува дека засега нема индиции за терористички мотив. Полицијата не соопштува детали за инцидентот или за жртвите, а истрагата е во почеток, бидејќи сѐ уште се на распит сведоците, пишува Дпа.