сабота, 27 јули 2024
Хрватска

Маж се самозапали пред зградата на Владата во Загреб, животот му е во опасност

Маж се самозапали утрово на Марков трг во Загреб, во близина на зградата на Владата и Собранието, потврди загрепската полиција.

Фото: Википедија

Објавено на

часот

Сподели

Брза помош набрзо пристигнала на местото на несреќата која се случила околу 9 часот и 40 минути и го однела мажот.

„Мажот е во тешка состојба и животот му е во опасност. Тој е пренесен во центарот за лекување изгореници во Трауматолошката болница“, изјави за Дневник.хр министерот за здравство Вили Берош.

На местото на несреќата дошол и премиерот Андреј Пленковиќ.

„Повредениот е во многу тешка состојба и во моментов се вршат сите форми на интензивно лекување“, изјави Давор Вагиќ директорот на Клиничкиот болнички центар Сестри на милосрдието за Хина.

Полицијата го затвори пристапот до Марков трг и остави само простор за станарите.

Како што пренесуваат медиумите, мажот се самозапалил во близина на оградата која била поставена на приодите кон Владата и Собранието.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ