петок, 26 јули 2024

Маж се борел со мечка, па ја држел за уши половина час и успеал да побегне ( ВИДЕО)

Шеесет и едногодишниот Цане Србиновски, жител на селото Дреновци во Општина Долнени, кој претрпе напад од мечка, четири дена подоцна ја раскажува приказната како се одбранил. Тој во разговор со директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, раскажува дека нападот се случил во неделата, а оти неговото семејство го нашло дури во понеделникот.

Објавено на

часот

Сподели

„На сам ден Благовец, вечерта ги терав говедата кон трлото и кога тие одминаа јас со малите телиња одев позади и подвикнував по нив. Потоа одеднаш излезе пред мене мечката и ме фати за левата нога и јас паднав на грб. Преку чизмите што ги носев ме фати за ногата“, раскажува Србиновски.

Потоа не знаев што да правам, додава Србиновски, ираскажува дека тгрнала да го гризе, а тој бил под неа.

„Не знам како се извлеков од под неа и со десната нога ја удрив по муцката и ми ја пушти ногата. Но, веднаш ме фати пак за левата нога, а со шепата ме фати за десната нога и имам мала рана. Тогаш и со левата нога успеав да ја удрам. Едно време сакаше за стомак да ме фати и Господ ми даде сила, не знам како, ја грабнав за уши. Ја држев така, не знам колку време, можеби пола саат да беше, не знам точно. Се уплашив и така ја држам, ја држам и господ ми даде некоја сила не знам како и ја турнав со рацете. Кога ја турнав така, одма станав и заминав до колибата и тогаш нозете ми се здрвија“, додава тој.

директорот на ЦУК, Ангелов, рече дека работат на решавање на проблемот со мечките, за кои тој вели дека во последните години ги има сè повеќе.

„Работиме на решавање на проблемот со мечките. Во последните години нивниот број е зголемен. Мечка што нападнала човек треба да се отстрани бидејќи може повторно да нападне. Ние ги сакаме мечките, но повеќе ги сакаме луѓето“, вели Ангелов

Минатата година често имаше присуство на мечки во близина на населени места.

На крајот на септември минатата година Општина Маврово и Ростуше побара Владата да прогласи кризна состојба на целата територија на Општината поради зголемено присуство на мечки на овие простори и опасноста што тие ја имаат по локалното население.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ