недела, 20 октомври 2024

Маж од Неготино ја тепал сопругата

Неготинец бил лишен од слобода по пријава од сопругата дека физички ја нападнал, информираа денеска од СВР Велес.

Објавено на

часот

Сподели

„Синоќа во 18.30 часот, полициски службеници од полициската станица Неготино го лишиле од слобода неготинецот Б.М.(59), затоа што во семејната куќа физички ја нападнал неговата 58–годишна сопруга. За настанот е известен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Кавадарци, а лицето е задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, соопштија од СВР Велес.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ