сабота, 25 мај 2024

Маж од Кочани со пиштол удирал жена

Кочанчанец бил приведен поради агресивно однесување откако со пиштол удрил женско лице.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 14 часот во Кочани, полициски службеници го лишиле од слобода О.Ц., на возраст од 38 години. Тој се сомничи дека околу 12.30 часот во угостителски објект во Кочани се однесувал агресивно и со пиштол удрил едно женско лице“, појаснуваат од МВР.

Подоцна, при претрес во неговиот дом и во неговото возило ауди, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол калибар 7,65 мм, 25 куршуми – калибар 7,65 мм и лисици за врзување.

Лицето било задржано во полициска станица, а по целосно документирање против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ