Со целосна опрема и 4 пожарникари, интервенирале од 05:15 часот до 09:30 часот, а во акцијата учествувале и 4 лица од месното население.
Според информациите, при гасењето на пожарот било откриено целосно изгорено тело на машко лице, родено 1988 година. Лицето живеело само и имало здравствени проблеми. Тело на починатото лице било транспортирано за обдукција.
„По повикот екипите веднаш излегле на терен за да го изгасната пожарот. Телото беше пронајдено во куќата по неколку часовно гасење на пожарот. Во моментов не можеме да се потврди дали пожарот е предизвикан од природни причини или некоја друга околност“, информираат од ЦУК.
Причината за пожарот сè уште не е утврдена, а истражните органи продолжуваат со работата на терен за да ги откријат сите детали околу трагичниот настан.