недела, 20 октомври 2024
Украле и возило

Маж и жена влечеле 84-годишен човек и го ограбиле, полицијата ги фати

Полициски службеници денеска го лишиле од слобода Н.З.(58) од Куманово поради тоа што на автобуска постојка во селото Пезово, со уште едно женско лице со употреба на физичка сила од С.П.(84) од Пезово одзеле пари и го напуштиле местото на настанот со патничко возило форд галакси.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од МВР, патничкото возило е со кумановски регистарски ознаки, кое на 2 август 2024 околу 16.30 часот го одзеле пред викенд куќа во селото Скачковце, кумановско, сопственост на Ј.М.(47) од Куманово.

„Возилото и дел од одземените предмети се вратени на оштетените. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, потенцираат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ