„Синоќа во 21.20 часот во Полициска станица Кавадарци, 32-годишна жена од Неготино пријавила дека во домот во кој вонбрачно живеела заедно со 50-годишен маж од Неготино, тој физички ја нападнал. Подоцна, 50-годишниот маж пак, во 21.30 часот на полициски службеници од ОВР Неготино, им пријавил дека 32-годишната жена кршела и оштетувала предмети во домот. Се преземаат мерки за расчистување на случаите“, соопштија од СВР Велес.