сабота, 26 октомври 2024

Мaж и жена од Македонија спасени од плажа кај Химара, во Албанија (ВИДЕО)

Маж и жена од Македонија денеска биле спасени од плажа во мал залив каде што биле заглавени, а жената се лизнала и се повредила. По нивен повик на единствениот број 112, албанската полиција организирала итна акција за спасување на плажата Филикура кај Химара, која завршила успешно, а жената е згрижена во болница.

Објавено на

часот

Сподели

На жената која се здобила со повреди од лизгањето и падот ѝ била укажана прва помош и била транспортирана до градската болница. Според информациите, таа е во добра состојба и нема здравствени проблеми.

„Полицијата гарантира дека е секогаш блиску до граѓаните и посетителите, подготвена да понуди помош во секој случај. За секоја слична ситуација граѓаните можат да се обратат на бесплатниот број 112“, објави полицијата.

Тоа што неофицијално може да се дознае е дека на морскиот брег имаше бура и можно е во обид да се извлечат од надоаѓачката вода, да се случила повредата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ