четврток, 16 јануари 2025

Мавровско Езеро го запоседнаа странски хипици, панкери, јогисти… (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Кога отидовме таму, видовме дека повеќето гости на мавровскиот брег се собрани околу огнот, сите фатени за раце пееја некои песни. Припадниците на оваа неформална организација, Виножито, неколку пати годишно се собираат по разни земји низ Европа, престојуваат во природа по еден месец, одржуваат некакви обреди, ја слават полната месечина, а нивната заедничка идеологија е мир, хармонија, слобода и почит. По патот околу Мавровско Езеро паркирани се возила од Германија, Србија, Белгија, Полска, Турција, Франција… Лани биле во Бугарија, а како што пишува на нивната интернет-страница, по ланскиот собир во Бугарија, логично било поради тешките тенџериња и лонци, годинава собирот да го организираат преку граница, во Македонија.

с

Локалците пријавуваат, полицијата не реагира

И покрај пријавите на мештаните за опасност од шумски пожар, за узурпација на приватен имот, за нехигиена, за нудисти во езерото (велат дека има и употреба на дрога), од полицијата засега нема никаква реакција. Месните заедници на Леуново и Никифорово веќе се пожалиле во полиција, но попусто. Одговорните од Националниот парк Маврово велат дека знаат за овој собир и дека постојано преземаат мерки „во насока на контрола на состојбата“.

Од Општина Маврово Ростуше, веќе традиционално, не добиваме никаков одговор – молк. Пред да ги распостелат шаторите кај Црн Камен, припадници на оваа организација се обиделе да кампуваат кај Жировница. Но таму реакцијата на одговорните била поинаква. Претседателот на месната заедница во Жировница, Аднан Салиу, за МКД.мк изјави:

„И кај нас беа дојдени поголема група луѓе, за кои ние како месна заедница не знаевме ни кои се, ни од каде се, ни со чија дозвола се сместени во нашиот крај. И сето тоа немаше да биде проблем ако не стануваше збор за луѓе со многу чудно и сомнително однесување, кое не соодветствува со нашиот менталитет и нашите морални начела. Друг проблем е што кога се обидовме да разговараме со нив, тие се однесуваа многу агресивно. Трет проблем е што ние сме во меѓуграничен појас со Албанија, па замислете доколку се случеше нешто. Дали тогаш ние, жителите на Жировница, ќе требаше да одговараме за евентуален инцидент?“

„Кога побаравме објаснување што се случува, од организаторот ни беше кажано дека добиле дозвола од одговорните во Националниот парк Маврово и дека тие уредно плаќале по 30 денари од човек секој ден. Уште ни беше речено дека станува збор за околу 300 до 350 луѓе што на 1 август го слават својот ден. Пријавивме во полиција и благодарение на полициската станица Ростуше, а со наша асистенција, луѓето беа избркани. Јас жалам што сега истите тие се сместиле во Маврово. Во разговор со нашите сожители, комшии, разбрав дека и тие имале иста мака како нашата. Сметам дека вакви групи луѓе треба да бидат лоцирани надвор од населени места за да не создаваат револт кај жителите и за да не се случи некој евентуален инцидент. Во Италија, на пример, на вакви групи луѓе им е дозволено да ги изведуваат своите обреди и верувања далеку од населени места и на точно утврдена локација и сето тоа под надзор на надлежните институции“, изјави Салиу за МКД.мк.

р

Собири на виножитото

Собири на виножитото (Rainbow gatherings) e неформална организација основана во САД уште во шеесеттите години од минатиот век. „Лабаво организирана трупа од нудисти, хипици и патници, кои се состануваат секое лето за едномесечна љубов… Најголемата најдобро координирана неполитичка организација на истомисленици на планетата“, пишува на интернет за нив. Нивните собири се бесплатни и отворени за секого. Сепак, кога отидовме таму, не ни беше дозволено фотографирање на нивниот собир околу огнот.

Toaлетите секогаш биле сериозен проблем на ваквите собирања. Обично се копаат дупки и потоа се затрупуваат со органско ѓубре и земја. Сепак, санитарните услови не секогаш се најсоодветни. На неколку вакви собири во САД и Европа се појавила и епидемија на дизентерија, што секогаш предизвикувало голем револт кај локалното население.

с„Тоа се собири на секакви луѓе некаде во природа, каде што заедно готват, пеат околу огновите, организираат некакви работилници, споделуваат искуства и се здружат како ‘едно семејство’. На собирите нема никаква трговија, не се заработува… и нема одговорно лице“, пишува за нив на интернет.

Во распоредот за престојот во Македонија пишува дека по првото славење на полната месечина на 1 август, ќе има уште едно, на 16 август во 12.38 часот, и по завршната церемонија собирот ќе заврши и сите ќе заминат.

                                                                                                                                                                           А.Д.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ