Директорот на ЈП „Државни патишта”, Ејуп Рустеми за време на денешниот увид во работите во овој регион, заедно со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, рече дека освен нова коловозна конструкција, санација на осумте мостови, изведба на нови потпорни ѕидови, се работи и на заштита од одрони на повеќе точки.
Рустеми најави дека се отпочнати активностите за изградба на регионалниот пат Извор – Гарски Мост и дека за тоа се обезбедени 20,2 милиони евра.
„Во оваа прилика сакам да напоменам од важноста за уште еден проект кој ќе обезбеди подобра комуникација и се однесува на локалниот пат Ниќифорово – Леуново. За него штотуку е завршена проектната документација, а наскоро се очекува да се почне и со реализација“, рече директорот Рустеми.
„Изминативе години во овој регион работевме на изградба на квалитетна патна мрежа и завршивме неколку значајни инфраструктурни проекти, како што е рехабилитација на патот од Гостивар до Стража и Кичево и патните правци кон и околу Маврово. Изградбата на патиштата е приоритет. Развиена инфраструктура, значи развој на економијата во земјава, затоа и во услови на најголема криза ние инвестираме во инфраструктурни проекти, рече премиерот Ковачевски.
Тој напомена дека од голема важност е довршувањето на патните Коридори 8 и 10 и носењето на одлуката за влез на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка”.
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски смета дека преку изградба на патишта ќе се засили домашната економија.