Минатата сабота матурантите го полагаа првиот, задолжителен екстерен испит – Мајчин јазик (Македонски/Албански/Турски) и литература.
Најдоцна до 8 јули Државниот испитен центар (ДИЦ) ќе ги објави резултатите од полагањето на двата екстерни испита.
Според видот на образование, државна матура во јунската сесија полагаат 6.341 матуранти од гимназии, 8.230 од стручни и 263 од уметнички училишта.
За да има поголема контрола при полагањето, оваа учебна година матурантите првпат тестовите ги решаваат во големи простори – училишните холови или спортски сали.
Матурантите кои во јунската сесија нема да ја положат државната матура или не во целост ќе може да се пријават за августовската сесија кога двата екстерни испита ќе се полагаат на 12 и 14 август 2024.