петок, 26 јули 2024

Матичните лекари бараат построги казни за напад на здравствените работници

Лекарите не се чувствуваат безбедно зашто сите имаат пациенти кои се зависници, психички нестабилни, со анксиозноно депресивни состојби, биполарни растројства, оцени денеска претседателката на Здружението на приватни лекари, Лили Чолакова-Дервишова.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Таа потсети дека приватните лекари денеска не работеа со пациенти, во знак на почит кон убиениот колега Ацо Трпковски, матичен лекар од Скопје.

Лекарите бараат услови за безбедно работење и, како што напомена Чолакова-Дервишова, построги казни за напад на здравствените работници.

„Да го подигнеме гласот, да разговараме за нови закони кои би значеле појака заштита на здравствениот кадар каде казните би биле поригорозни, сѐ со единствена цел, да се чувствува безбедно здравствениот персонал. Луѓето кои работат во примарното здравство се столбот на овој здравствен систем, тие лекуваат и спасуваат човечки животи. Не треба ниту еден пациент да биде незадовелен. Ние не ја знаеме причината, но во кругот на здравствен дом е убиен докторот, така што очекуваме органите на прогонот да ни кажат што се случува“, изјави Чолакова-Дервишова по потпишувањето на Декларацијата за промоција и поддршка на вакцинацијата во Лекраската комора.

Според неа, пациентите имаат разбирање и почит за целата ситуација, ги поддржуваат.

„Ова не е дека ние не работиме или не сакаме да работиме, но навистина, само да пишува во закон дека сме службени лица, гледаме дека тоа не врши никаква функција. За секој здравствен работник од примарното, секундарното и терциерното здравство ваков чин не треба да се повтори“, нагласи Чолакова-Дервишова.

Став на Лекарската комора е дека матичните доктори имаат право да реагираат за својата безбедност.

„Она што Лекарска комора успеа заедно со Министерство за правда, е да се направи измена на Кривичниот законик, каде напад на здравствен работник, не зборуваме само на доктор, туку на здравствен работник, е казнива и до пет години. Затворската казна е нешто што ќе го спречи пациентот да реагира со насилство. Има незадоволни пациенти секако, има и луѓе кои одат во банка па се незадоволни, но тоа не треба да значи дека треба агресивно да реагираме едни на други. Матичните доктори секако имаат право да изреагираат за својата безбедност. Не смее никој да се чувствува небезбедно кога оди на работа. Никој не може да работи спокојно ако му е страв наредниот пациент кој ќе влезе дека ќе го навредува, сешто може да доживее, воопшто не е пријатно. Апсолутно се боревме и се изборивме за измена во законот, а матичните доктори ни се столб во здравството. Тие мора да бидат безбедни“, истакнаа од Комората.

Телото на лекарот Трпковски беше пронајдено на 21 март, во неговиот автомобил, на паркинг пред зградата на поликлиниката Железара. На телото биле уочени видливи убодни рани од остар предмет. Обвинителството презема мерки за расчистувње на убиството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ