петок, 18 октомври 2024

Матеус: Меси не заслужи да ја добие Златната топка

Германската фудбалска легенда, Лотар Матеус смета дека осмата Златна топка на Лео Меси е незаслужена бидејќи Ерлинг Халанд бил подобар од Аргентинецот во изминатата сезона.
 

Објавено на

часот

Сподели

Меси синоќа ја доби престижната награда Златна топка, но реакциите се поделени на темата дали таа е заслужена или не.

Многумина сметаат дека Ерлинг Халанд имаше многу подобра сезона од Лео Меси, а Аргентинецот ја освојува Златната топка затоа што го освои Светското првенство.

Еден од тие е и Лотар Матеус кој ја има освоено Златната топка во 1990 година.

„Халанд беше подобар од Меси во текот на целата година“, вели Матеус.

„Наградата не е заслужена и докажува дека Светското првенство се брои повеќе од се друго. Според мене, никој не беше подобар од Халанд, тој беше најдобриот во изминатите 12 месеци. Освои големи титули со Манчестер Сити и поставуваше рекорди во постигнати голови. Ова е фарса иако отсекогаш сум бил фан на Меси“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ