вторник, 18 март 2025

Масовно им истекуваат дозволите на американски фирми за извоз на месо во Кина, Кинезите не им издаваат нови

Увозните дозволи за повеќе од 1.000 американски месни компании кои Кина ги одобрила според трговскиот догово4р Фаза-1 од 2020 истекле во неделата, се гледа на сајтот на кинеската царина, што среде трговската војна му се заканува на американскиот извоз на најголемиот светски купувач.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Статусот на дозволите за произведувачите и преработувачите на свинско, говедско месо и живина низ Соединетите Американски Држави, вклучувајќи некои во сопственост на големите произведувачи Тајсон фудс, Смитфилд пекиџд митс и Каргил мит солушнс е променат од „во сила“ на „истечен“ на сајтот на Кинеската општа царинска управа.

Ројтерс во петокот јави дека постои опасност од прекин на важноста на тие регистрации.

Истекувањето на дозволите за две третини од вкупно регистрираните компании би можело да го ограничи американскиот пристап до кинескиот пазар и да доведе до загуба од околу 5 милијарди долари, додавајќи на проблемите со кои американските земјоделци се соочија откако Пекинг месецов воведе возвратни царини на американски земјоделски производи во вредност од 21 милијарди долари.

Регистрациите на 84 американски фирми истекле во февруари и иако пратките на тие фирми и понатаму минуваат низ царината, неизвесно е колку долго Кина ќе го дозволува увозот.

Пекинг бара од извозниците на храна да се регистрираат на царина ако сакаат да продаваат во Кина.

Американското министерство за земјоделство соопшти дека Кина не одговорила на барањата за обнова на регистрацијата на земјоделските производи, потенцијално кршејќи го трговскиот договор.

Во 2024 година САД биле трет најголем добавувач на месо за Кина според количеството, по Бразил и Аргентина, со удел од 590.000 тони или 9 отсто од кинескиот увоз на месо.

Испораките на месо од САД во Кина минатата година достигнале 2,5 милијарди долари, што таа земја ја стави на второто место по вредноста.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ