сабота, 27 јули 2024

Масовните протести во Германија против екстремната десница добиваат нов замав (ВИДЕО)

Десетици илјади луѓе повторно протестираа низ Германија поради активностите на екстремната десница.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата соопшти дека 35.000 луѓе се собрале во Франкфурт, а демонстрациите во Штутгарт, Нирнберг и Хановер, исто така, привлекле големи толпи.

Оваа сè подолга серија демонстрации зема замав со паролите „Ние сме против омразата“ и „Да ја одбраниме демократијата“.

Протестите уследија по веста дека екстремистите неодамна се собрале за да разговараат за депортација на милиони имигранти, вклучително и некои што веќе стекнале германско државјанство.

На состанокот присуствувале некои членови на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД).

Слични демонстрации во Хамбург, вториот по големина град во Германија, во петокот привлекле, како што рече полицијата, околу 50.000 луѓе и биле порано прекинати бидејќи толпата била преголема за да се одржи безбедноста.

Новите протести планирани за денеска во поголемите германски градови, вклучувајќи ги Берлин, Минхен и Келн, исто така се очекува да привлечат десетици илјади луѓе.

Релативно малите собири прераснаа во многу масовни со многу повеќе учесници отколку што очекуваа организаторите.

На спорната средба, истакнат член на Идентитетско движење, австрискиот државјанин Мартин Селнер, ја претстави својата визија за „реемиграција“, односно депортација на имигрантите.

Масовно распространетиот гнев поради извештаите за состанокот поттикна нови повици до Германија да ги разгледа барањата за забрана на АфД.

Во саботата, разгранокот на германските Зелени на партиската конвенција гласаше за воведување забрана за да се спречи подемот на „нова фашистичка влада во Германија“.

Сепак, многу од противниците на АфД се изјаснија против идејата, тврдејќи дека процесот ќе биде долг, дека успехот е многу неизвесен и може да ѝ овозможи на десничарската партија да се прикаже себеси како жртва.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ