недела, 20 октомври 2024

Масовни ракетни напади врз Лавов и Киев, има мртви и ранети (ВИДЕO)

Руските сили лансираа проектили и беспилотни летала на Киев и Лавов, во западна Украина, недалеку од границата со Полска, соопштија украинските власти, додека полските воени авиони се во состојба на готовност. Пет лица загинаа, а повеќе од 30 се ранети во нападите на Лавов. Меѓу ранетите има и пет деца.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Регионалниот гувернер Максим Козицки на Телеграм изјави дека во нападот биле погодени неколку станбени згради.

Градот Лавов се наоѓа на повеќе од 1.000 километри од фронтот и е релативно поштеден од почетокот на руската инвазија.

Сепак, енергетската инфраструктура на регионот постојано е оштетувана и градот неколку пати бил мета на дронови и проектили.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави фотографии од последиците од нападот утринава врз Лавов и потврди дека бројот на загинатите се искачи на пет, а бројот на ранетите на повеќе од 30.

Очевидци за Ројтерс изјавија дека слушнале неколку експлозии на периферијата на Киев и Лавов и тврдат дека системот за противвоздушна одбрана бил активиран.

Украински воени претставници изјавија дека одбранбени единици биле ангажирани во одбивање на нападот, а регионалниот гувернер на Лавов Максим Козицки додаде дека станбени згради биле оштетени во Лавов.

Истовремено, Полска денеска подигна воени авиони по трет пат во осум дена за да ја осигури безбедноста на својот воздушен простор, наведува британската агенција.

„Ова е уште една многу напорна ноќ за целиот систем за противвоздушна одбрана во Полска поради забележаните активности на авионите со долг дострел на Руската Федерација кои изведуваат напади“, соопшти воениот штаб на земјата на мрежата Икс.

Тоа доаѓа откако руските сили вчера со две балистички ракети погодија воен институт во украинскиот град Полтава во најсмртоносниот напад во војната оваа година, при што според украинските власти загинаа 50, а беа повредени стотина други.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ