понеделник, 21 октомври 2024

Масовни напади на Русија со проектили и дронови врз Украина втор ден по ред

Русија утрово изврши нов напад врз Украина, користејќи ракети и беспилотни летала, а мети биле регионите Киев, Запорожје, Херсон и Кривји Рих, јавуваат украинските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според досегашните информации, во нападите загинале три лица.

Во ракетниот напад на Кривји Рих загинаа две лица, оштетени се куќи, продавници и возила, изјави шефот на воената управа на Кривји Рих Јевхен Ситниченко, пренесува Укринформ.

Интерфакс Украина пренесува дека регионалните власти соопштиле дека во нападот на Запорожје едно лице загинало, а две се ранети.

Експлозии се слушнале и во регионот Хмелницки, а три хиперсонични ракети Кинжал биле истрелани врз западните региони, пренесува Униан.

Русија во ноќта меѓу неделата и понеделникот и во понеделник наутро изврши масовен напад врз Украина со проектили и дронови, при што истрела 127 проектили и 109 беспилотни летала.

Во тие напади загинаа седум лица, а 47 беа повредени.

Оштетени се објекти од енергетската инфраструктура.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ