четврток, 9 јануари 2025

Масовна тепачка на ракометниот меч меѓу Словенија и Катар (ВИДЕО)

Натпреварот кој требаше да биде пријателски меѓу селекциите на Словенија и Катар, стана непријателски откако во финишот изби тепачка меѓу играчите на двете страни.

Објавено на

часот

Сподели

При водство на Словенија од четири разлика, Катар беше во напад, а еден словенечки ракометар остана да лежи на подот затоа што прими незгоден удар. Блаж Јанц го оттурна Франкис Марз, овој исто така заврши на под, но потоа стана и го удри противничкиот играч меѓу нозете по што зовреа страстите. На теренот влетаа ракометарите на двете екипи, дојде до голема гужва, имаше и удари, а Марз за својот потег доби син картон.

Словенија го доби мечот со 38-30. Ова беше подготвителен дуел за двете селекции во пресрет на Светското ракометно првенство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ