сабота, 27 јули 2024

Масовен ракетен напад врз Киев, оштетени се 20 згради

Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека Русија извршила ракетен напад врз Киев и други украински градови и дека како резултат на тоа биле активирани системите за противвоздушна одбрана.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Силни експлозии се слушнале во Киев нешто пред седум часот по локално време, а градоначалникот на Киев Виталиј Кличко потврдил дека се ангажирани системите за противвоздушна одбрана, пренесува Ројтерс.

Засега не се знае дали има жртви или материјална штета. Се наведува и дека цела Украина е во состојба на готовност за воздушен напад.

Гувернерот на регионот Харков во североисточна Украина, Олех Синехубов, изјави дека руски проектили погодиле нестанбени згради и инфраструктурни објекти во Харков.

Британски Гардијан јавува дека едно лице загинало во Киев, и дека во градот моментално нема струја.

Две високонапонски водови во главниот град биле оштетени од фрагменти од ракета, рече Кличко, што предизвикало прекин на електричната енергија во некои области.

Во ракетен напад појужно во Миколаив загина едно лице, а оштетени се најмалку 20 станбени згради, а пријавени се и неколку повредени, изјави градоначалникот на градот, Олександр Сиенкевич.

„Има оштетени станбени објекти. Околу 20 од нив се без покриви. Од страна на комуналните претпријатија веќе се санираат оштетувањата на водоводната и гасоводната мрежа. Има ранети. Едно лице е хоспитализирано. На другите им беше укажана помош на лице место“, напиша тој на Телеграм пред да додаде дека хоспитализираниот маж починал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ