Експлозии се слушнале недалеку од селото Октјабрскиј во Краснодарската територија. Руските власти известија дека избувнал пожар во магацин. Тие изјавија дека според првите информации нема жртви и дека пожарникарите успеале да го локализираат пожарот на површина од 1.600 квадратни метри.
Shaheds detonation 💥🔥 pic.twitter.com/KZvMRsamoA
— MAKS 24 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) October 9, 2024
Генералштабот на украинските вооружени сили соопшти дека е погоден магацин во кој имало ирански беспилотни летала Шахед, кои Русија ги користи за секојдневни напади врз Украина. Техеран испрати илјадници такви беспилотни летала во Москва, па Русија ги лансира речиси секојдневно на цели во Украина.
Украинците тврдат дека во погодениот магацин имало околу 400 дронови. Според соопштението, нападот го извршиле украинската морнарица и единиците на Службата за безбедност на Украина (СБУ). Генералштабот тврди дека биле снимени серија последователни детонации.
THIS IS AWESOME 👏👏👏 pic.twitter.com/e0LolAEAvc
— MAKS 24 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) October 9, 2024
„Забележан е точен погодок во целта. Уништувањето на магацинот на беспилотните летала Шахед значително ќе ја намали способноста на руските окупатори да ги тероризираат цивилите во украинските градови и села“, додаваат од Генералштабот.
Со беспилотни летала беше нападнат и воениот аеродром Ханска во реонот на истоименото село во Адигеја, руска република во Северен Кавказ. Во близина на воениот аеродром бил забележан пожар по ноќниот напад, според системот за следење на пожари на НАСА.
Adygea update pic.twitter.com/xM3pQkor0v
— IgorGirkin (@GirkinGirkin) October 10, 2024
Локалното население ги слушнало беспилотните летала, но локалните власти сè уште не ги објавиле последиците од нападот. Рускиот Телеграм канал Астра тврди дека споменатиот воен аеродром е дом на рускиот 272 авијациски полк.