сабота, 27 јули 2024

Маскирани израелски командоси упаднаа во болница на Западниот Брег, убија тројца Палестинци (ВИДЕО)

Вооружени припадници на израелските сили маскирани во жени и медицински персонал денеска упаднаа во болница на окупираниот Западен Брег и убија тројца палестински екстремисти.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Овој драматичен упад покажува дека насилството се прелева и на таа палестинска територија додека трае војната во Појасот Газа.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека израелските сили отвориле оган на одделенијата на болницата Ибн Сина во градот Џенин, тие го осудија упадот и ја повикаа меѓународната заедница да изврши притисок врз израелската војска да прекине со таквите операции.

Војската соопшти дека екстремистите ја користеле болницата како засолниште и дека Палестинец, кој бил цел на упадот, пренел оружје и муниција за планиран напад, наводно инспириран од нападот на Хамас во јужен Израел на 7 октомври.

Сепак, не беа обезбедени докази за таквото тврдење.

На видео снимката од безбедносната камера во болницата, објавена на социјалните мрежи, се гледаат десетина припадници на израелските сили, повеќето од нив вооружени и облечени како жени со муслимански шамии на главата или како болнички персонал и во бели лекарски мантили.

Мухамед Џаламнех, за кој се вели дека планирал напад, е убиен денеска.

Убиени се и браќата Базел и Мухамед Газави, кои се криеле во болницата, а биле вмешани во нападите, тврдат од војската, но не прецизираше како биле убиени, само дека Џаламнех бил вооружен со пиштол.

Војската не спомна размена на оган, а портпаролот на болницата Тавфик ал-Шобаки рече дека немало размена на оган и дека станува збор за целно убиство, а Израелците притоа ги нападнале и лекарите, медицинските сестри и болничкото обезбедување.

Тој рече дека тоа што се случило е преседан и дека никогаш немало убиство во болницата.

Еден од загинатите бил пациент од октомври поради делумна парализа.

Хамас потврди дека тројцата убиени биле членови на таа екстремистичка исламистичка организација, а операцијата ја нарече кукавичко убиство.

Хамас порача дека „злосторствата на израелската војска нема да останат без одговор“. Тие тврдат дека еден од мажите бил во кревет кога бил убиен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ