сабота, 27 јули 2024

Маск за дедоларизацијата: Доволно пати ја користеа валутата како оружје

Објавено на

часот

Сподели

Милијардерот на Твитер одговори на снимката на економистот Питер Сенге Онга во која тој објаснува дека глобалниот удел на доларот од 73 отсто во 2001 година паднал на 55 отсто во 2020.

„Дедоларизацијата е реална и се случува брзо“, се наведува во видеото.

Како што пишува Бизнис инсајдер, САД доларот го „користат како оружје“ во судирите со држави како Кина и Русија, со воведувањето економски санкции и заканите дека државите ќе бидат исфрлени од СВИФТ.

Како што се наведува, поради американската тенденција да уценува со доларот, дури и сојузници на САД како Тајланд и Филипини покажуваат интерес за отфрлање на доларот.

Претседателот на Франција Емануел Макрон неодамна предупреди на зависноста на Европската Унија од американската валута.

Претседателот на Бразил Луис Инасио Лула да Силва ги повика земјите во развој да работата на тоа американскиот долар да го заменат со сопствените валути во меѓународната трговија, и ги поддржа напорите на Пекинг да ја прекине доминацијата на доларот во светската трговија, пишува Фајненшал тајмс.

„Секоја ноќ се прашувам зошто сите држави мора да ја базираат својата трговија на доларот“, кажа Лула во говорот во Новата развојна банка во Шангај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ