петок, 10 јануари 2025

Маск за АфД: Само тие можат да ја спасат Германија

Милионерот и сопственик на компаниите Спејсекс, Тесла и Икс, Илон Маск, јавно ја изрази својата поддршка за партијата АфД, која ја собира екстремната десница во Германија, пред предвремените избори закажани за февруари.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На својата социјална мрежа Икс, Маск напиша дека „само АфД може да ја спаси Германија“. Неговата објава беше одговор на изјавата на Фридрих Мерц, претседателот на ЦДУ, кој рече дека „Германија не треба да го следи примерот“ на Маск и аргентинскиот претседател Хавиер Милеи.

АфД (Алтернатива за Германија) е политичка партија во Германија основана во 2013 година. Започна како евроскептична партија, фокусирана на противењето на еврозоната и економската политика на ЕУ, но подоцна се префрли кон крајно десничарски политички ставови.

АфД се издвојува по острите ставови за имиграцијата, исламот и климатските политики, кои предизвикаа големи контроверзии. Партијата често го нагласува националниот суверенитет и конзервативните вредности, додека критичарите ја обвинуваат за популизам и врски со екстремно десничарските движења. АфД влезе во Бундестагот во 2017 година, со што стана првата крајно десничарска партија во германскиот парламент по Втората светска војна.

Неодамна, партијата презеде неколку значајни чекори пред предвремените сојузни избори закажани за февруари 2025 година.

Тие за прв пат во својата историја номинираа жена кандидат за канцелар. Лидерката на партијата Алис Вајдел е прогласена за главен кандидат за претстојните избори. Одлуката претставува важен момент за партијата, која настојува да го прошири своето политичко влијание на национално ниво.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ