сабота, 27 јули 2024

Маск: Веројатно никој од нас нема да има работа поради вештачката интелигенција, проблемот е да се најде смисла

Веројатно никој од нас нема да има работа во иднина поради развојот на вештачката интелигенција (ВИ), но проблемот ќе биде да се најде смисла во постоењето, изјави американскиот претприемач Илон Маск.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој, говорејќи преку веб-камера на конференцијата Виватех во Париз, нагласи дека за реализација на ваквото сценарио се неопходни „универзални високи приходи“ и иднина во која нема да има недостиг од стоки и услуги, пренесува Си-ен-ен.

Според визијата на Маск, луѓето сепак ќе можат да работат ако сакаат, но тоа нема да биде задолжително.

„Ако сакате да работите работа која е некакво хоби, можете, но вештачката интелигенција и роботите ќе ја набавуваат целата стока и ќе ги извршуваат сите услуги што ви се потребни“, вели сопственикот на компанијата Тесла.

Во исто време, тој изјави дека е загрижен за развојот на вештачката интелигенција и ги повика родителите да го ограничат пристапот на нивните деца до социјалните медиуми, бидејќи овие платформи се „програмирани од вештачка интелигенција која го подига допаминот до максимум“.

Маск на почетокот на годинава изјави дека вештачката интелигенција попаметна од човечката ќе биде достапна до 2026 година.

Извршниот директор на Баиду, Робин Ли, вчера на конференцијата Виватех изјави дека денешните најмоќни модели на вештачка интелигенција сè уште се далеку од нивото на човечката интелигенција.

Ли верува дека ќе бидат потребни најмалку 10 години за вештачката интелигенција да ја надмине човечката интелигенција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ