вторник, 22 октомври 2024

Маск вечерва ќе го „интервјуира“ Трамп на Икс

Претприемачот и мултимилијардер Илон Маск вечерва ќе разговара со американскиот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп на својата платформа Икс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Интервјуто на некогашен Твитер, сега со ново име и во сопственост на Маск, ќе започне два часа по полноќ за корисниците во Европа.

Вака Трамп ќе привлече големо внимание додека неговата демократска ривалка за изборите на 5 ноември, Камала Харис, според американските анкети ја достигнува неговата предност. Разговорот со Маск ќе му даде на поранешниот претседател поинаква публика од неговите конзервативни поддржувачи.

Неговата кампања вчера објави дека преносот ќе биде на официјалниот профил на Трамп, обновен еден месец откако Маск го презеде Твитер, а му беше укинат на 6 јануари 2021 година, откако приврзаниците на републиканецот упаднаа во Конгресот.

Маск, водителот на „интервјуто“ со Трамп, го поддржа актуелниот претседател Џо Бајден на изборите во 2020 година. Оттогаш тој скршна надесно и јавно го поддржа Трамп по обидот за атентат во јули.

Критичарите тврдат дека Твитер, откако Маск ја презеде социјалната мрежа и сподели бројни откази, стана сцена на значително поголем број објави на говор на омраза и дезинформации, кои тој самиот понекогаш ги споделува.

Најбогатиот човек на светот е сопственик на производителот на електрични автомобили Тесла, а Трамп, поранешен противник на таквите возила, го промени својот став откако ја доби поддршката од Маск.

„Јас сум за електрични автомобили. Морам да бидам затоа што Илон силно ме поддржа, па немам избор“, рече тој на собирот на почетокот на август.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ