сабота, 27 јули 2024

Маск: САД ја жртвуваат младината за финансиската помош на Украина

Американскиот мултимилијардер Илон Маск изјави дека поради финансиската поддршка на Соединетите Американски Држави на Украина се жртвува младината на земјата.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Уште 65 милијарди долари за Украина? Која е излезната стратегија? Ја поддржувам Украина, но ова изгледа како вечна војна без напредок. Само жртвување на младоста на земјата без територијални добивки“, порача Маск на социјалната мрежа Икс, како коментар на снимка објавена од друг корисник, на која е прикажана верзија на американскиот предлог закон за дополнителни буџетски издвојувања, вклучувајќи 65,5 милијарди долари за Украина.

Авторите на предлог законот во Сенатот предложија на Украина да ѝ се доделат 65,5 милијарди долари, наспроти 61 милијарда кои ги побара Белата куќа.

Законот во декември го блокираше републиканската опозиција, која бара од американската влада да спроведе радикална мигрантска реформа, во замена за одобрување на дополнителни издвојувања за Украина.

Американскиот Стејт департмент објави помош од 250 милиони долари за Украина на 27 декември, со што ги исцрпи преостанатите средства кои беа предвидени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ