сабота, 19 октомври 2024

Маск: Првиот човек со мозочен имплант контролира компјутерски глушец со своите мисли

Првиот човек кој доби мозочен имплант, од компанијата за медицинска технологија Неуралинк на Илон Маск, се чини дека целосно се опорави и може да контролира компјутерски глушец со своите мисли, рече Маск.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Напредокот е добар и се чини дека пациентот целосно се опорави, без негативни последици за кои сме свесни. Пациентот може да го движи глувчето околу екранот користејќи ги само своите мисли“, објави Маск на платформата Икс.

Тој рече дека Неуралинк сега се обидува да постигне пациентот да направи што повеќе кликови со глувчето.

Компанијата не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за дополнителни детали.

Компанијата го вгради имплантот во мозокот на својот прв човечки пациент во јануари, откако доби одобрение во септември.

Студијата користи робот за хируршки да се постави имплантот во регија на мозокот кој ја контролира намерата за движење, рече Неуралинк, додавајќи дека првичната цел е да им се овозможи на луѓето да го контролираат курсорот на компјутерот или тастатурата користејќи ги своите мисли.

Маск има големи амбиции за Неуралинк, велејќи дека тоа ќе го олесни хируршкото вметнување на неговите чипови за лекување на состојби како дебелина, аутизам, депресија и шизофренија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ