четврток, 26 декември 2024

Маск: Понудата од милијарда долари за преименување на Википедија и понатаму важи

Американскиот милијардер Илон Маск потврди дека и понатаму важи неговата понуда од милијарда долари за Википедија да го смени името во Дикипедија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Еден корисник на социјалната мрежа Икс се сетил на понудата на Маск, на што најбогатиот човек во светот одговори: „Точно. Понудата сè уште важи“.

Претходно годинава Маск тврдеше дека Википедија е „расипана“ и дека треба да се „поправи“, а поради обвинувањата дека интернет страницата дозволува написи кои ги означуваат републиканците и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп како „фашистички“ и дека ги промовираат левичарските наративи додека десницата ја прикажуваат во негативно светло. Тој тврди дека онлајн енциклопедијата ја контролираат екстремно левичарски активисти и повика да се престане со донациите.

Маск праша и зошто фондацијата Викимедија бара големи количества пари, тврдејќи дека „тоа секако не е потребно за работата на Википедија“.

Организацијата соопшти дека во 2022 Викимедија остварила 154 милиони долари приход и 145 милиони долари расход.

Во октомври, кога објави фотографија од молбата за донација на Википедија, Маск напиша: „Ќе им дадам милион долари ако го променат името во Дикипедија“, и го нарече тоа „цврста понуда“.

Во меѓувреме, студија спроведена од Институтот Менхетн, покажа дека тенденцијата на Википедија негативно да ги прикажува десничарските политички личности почнала да влијае на моделите на вештачката интелигенција кои собираат податоци од онлајн енциклопедијата.

Во извештајот се наведува дека се најдени „доминантни асоцијации на негативни емоции со десничарските јавни личности и позитивни емоции со левичарските“, што, како што тврдат, ја докажува „политичката пристрасност вградена во написите на Википедија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ