Милијардерот објави видео на Икс на кое се гледа како полицајци апсат маж поради навредливи коментари на Фејсбук. „Уапсен поради коментар на Фејсбук! Дали е ова Британија или Советскиот Сојуз? Дали е ова вистина @Community Notes“, напиша Маск, означувајќи ја услугата за проверка на факти на Икс.
На видеото се гледа како полицаец му кажува на маж дека е уапсен под сомнение дека неправилно ја користел електронската комуникациска мрежа. Споменатото кривично дело се однесува за испраќање пораки со „јасно навредлив или непристоен, неморален или заканувачки карактер“ и може да резултира со максимална казна затвор од шест месеци или парична казна.
Arrested for making comments on Facebook!
Is this Britain or the Soviet Union?
Is this accurate @CommunityNotes? https://t.co/ov7lKEUl2C
— Elon Musk (@elonmusk) August 6, 2024
Маск, исто така, го праша Стармер: „Зошто сите заедници не се заштитени во Британија?“. Тоа беше коментар на видеото на кое се гледа толпа маскирани луѓе околу паб, а некои од нив веат палестинско знаме. Маск даде слични коментари во понеделникот, откако Стармер рече дека нема да толерира напади врз муслиманските заедници.
Just in:
Birmingham, England, Aug . 5 — Armed “Muslim patrol” members surrounded and attacked a pub after marching around the area looking for white right-wingers to attack. (The rumored “far-right” protest never materialized.)
The Muslim rioters attacked journalists and… pic.twitter.com/Rm6mHqiOk1
— Andy Ngô 🏳️🌈 (@MrAndyNgo) August 5, 2024
Џамиите и хотелите во кои се сместени баратели на азил беа меѓу целите на немирите низ Британија минатата недела, пишува Скај њуз. Расправијата меѓу британскиот премиер и американскиот мултимилијардер започна кога Маск изјави дека „граѓанската војна е неизбежна“ во Велика Британија.
Немирите започнаа во Саутпорт минатиот вторник по фаталниот напад со нож во кој беа убиени три девојчиња. Немирите потоа се проширија и во други градови низ земјата. Аксел Рудакубана, млад човек роден во Кардиф, чии родители се по потекло од Руанда, е одговорен за убиството на трите девојчиња.