сабота, 27 јули 2024

Маск најави забрана за Епл уредите доколку го интегрира ОпенАИ

Ако компанијата Епл го интегрира ОпенАИ на ниво на оперативен систем, тогаш уредите на Епл ќе бидат забранети во моите компании, најави Илон Маск.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ако Епл го интегрира ОпенАИ на ниво на оперативен систем, тогаш Епл уредите ќе бидат забранети во моите компании. Тоа е неприфатливо кршење на безбедноста“, порача Маск на социјалната мрежа Икс.

Претходно Епл најави низа функции на вештачката интелигенција во своите апликации и оперативни платформи и партнерство со ОпенАИ за технологијата на ЧетГПТ да ја воведе на своите уреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ